KOOPERACIJA » НАЈАВИ http://www.kooperacija.info Fri, 22 May 2015 13:31:58 +0000 en-US hourly 1 http://wordpress.org/?v=4.1.5 Теророт на општеството на позитивноста и етиката на среќата http://www.kooperacija.info/2015/02/24/%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81/ http://www.kooperacija.info/2015/02/24/%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81/#comments Tue, 24 Feb 2015 22:43:11 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1600 Предавање на д-р Марко Стаменковиќ (Србија)
и јавна дискусија со уметниците од Иницијатива Кооперација (Македонија)

Датум: 25. 02. 2015 (среда), 20.00-21.30 ч
Локација: Филозофски/Филолошки факултет (@А3)

Постојат различни студии и истражувања кои тежнеат кон кванитифицирање на среќата преку дефинирање на одредени показатели и мерни вредности за општествениот развој и благосостојбата на поедини земји, базирани на најразлични параметри меѓу кои е стандардот на граѓаните, економскиот раст, но и општествената кохезија, нивото на толеранција и политичката култура, слободата на медиумите како и развивањето на интерактивни културни модели. 

Една од целите е да се преиспитуваат актуелните тенденции за императивно наметнување на среќата кои го претвораат светот во подрачје во кое владее „терор на позитивност“, особено преку изолирање на поедниците и групите кои тврдоглаво се опираат на пропишаната рационалност на „позитивноста“ и „среќата“.

Тоа се чини уште поапсурдно доколку не-критички се превземаат и применуваат утилитаристичките модели за квантифицирање на среќата, особено во земји кои сезалагаат (барем декларативно) и сонуваат за достигнување на западните вредности и економскиот стандард, а всушност остануваат заглавени и покажуваат сериозни знаци на дисфункционалност, општества во кои постојано се одложува соочувањето со реалноста.

Предавањето на Марко Стаменковиќ и дискусијата со уметниците од Иницијатива Кооперација се во насока на претставување и разработка на можните теориски рамки врзани за пост-социјалистичкиот контекст во југоситочна Европа, разгледувајќи различни микрополитички облици на бунт и отпор дефинирани како форми на „противтерор на негативноста во услови на некросликовен режим на моќта“, особено во рамки на неолибералната „етика на среќата“ и нејзиниот „терор на позитивноста“.

__________

Марко Стаменковиќ

Марко Стаменковиќ (1977, Врање) е куратор од јужна Србија. Дипломирал Историја на уметност на Универзитетот во Белград (2003) и магистрирал на Интердисциплинарни културолошки студии на Универзитетот за уметност во Белград (2005). Во 2014, се здобива со докторска титула по Филозофија на Универзитетот во Гент (Белгија) со трудот “Суицидални култури: теории и практики на радикалното повлекување”. Неговото истражување е остварено преку Одделот за филозофија и наука за моралот” под менторство на проф. д-р. Том Клас (CEVI-Center for Ethics and Value Inquiry).

]]>
http://www.kooperacija.info/2015/02/24/%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81/feed/ 0
НА КОЊИТЕ ИМ СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ http://www.kooperacija.info/2014/11/21/%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%9a%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8%d0%bc-%d1%81%d0%b5-%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d0%b7%d0%b5%d1%82%d0%b5/ http://www.kooperacija.info/2014/11/21/%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%9a%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8%d0%bc-%d1%81%d0%b5-%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d0%b7%d0%b5%d1%82%d0%b5/#comments Thu, 20 Nov 2014 23:27:20 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1582 Отворање: 24.11.2014 (понеделник), 19:00 ч.; разговор и презентација во 18:00 ч. Локација: Ремонт Галерија, Маршал Бирјузов 7, Белград, Србија Изложбата ќе трае до 29.11.2014

Игор ТОШЕВСКИ / ОПА (Слободанка СТЕВЧЕСКА и Денис САРАГИНОВСКИ) / Оливер МУСОВИЌ / Филип ЈОВАНОВСКИ / Никола УЗНОВСКИ / Ѓорѓе ЈОВАНОВИЌ / Владимир ЈАНЧЕВСКИ

Ремонт Галерија, Маршал Бирјузов 7, Белград, Србија

Ремонт Галерија, Маршал Бирјузов 7, Белград, Србија

Зачестените обиди за стеснување и укинување на просторот за отворена дискусија и видливите реперкусии врз секој анти-дисциплинарен чин, говорат за конкретизирањето на одамна воочената криза на рационалноста и бруталната инструментализација на нејзините комуникациски потенцијали. Тоа е тенденција која низ локалните квази-интерпретации и изразени авторитарни склоности маскирани како нужност, единствено може да не одведе во нова ера, која за обичниот граѓанин би била реална анти-хумана дистопија.

Уметниците се ставени пред сериозен предизвик како да го одбранат заедничкиот простор, бидејќи токму просторот на јавноста, е неопходниот услов за спроведување на демократијата. Овде, борбата за автономија не се однесува на автономијата на уметничката дисциплинарност во специфичноста на уметничките медуми и нивната внатрешна логика, ќорсокак до кој доведе модерната телеолошка концепција за уметноста. Напротив, таа се однесува на нешто многу побазично, многу попшто, а тоа е сувереното демократско право да се биде општествено активен, одговорен, да се изразува спремност да се предлага, да се критикува. Правото на мислење и аргументирана борба за сопствената позиција е основен предуслов за живот во заедница, дури и во целосно фрагментирана реалност, или во најмала рака, за непречено и рамноправно споделување на истиот физички простор.

Кооперација, поаѓајќи од премисата дека автономијата на современиот уметник е општествено условена се обидува да ја надмине позиција на маргинализираност и немоќ токму во јавната сфера, пречекорувајќи ги границите на светот на уметноста, и честопати спротивставувајќи се на симплифицираните пораки кои преку потврдено ефективните механизми секојдневно се емитуваат од центрите во кои се вкрстува политичката и економска моќ. Преиспитувајќи ја незавидната позиција на уметникот како парадигматска за непослушноста и отпорот, и непожелноста на каква било критичка мисла во општеството, со забележливи тенденции за постепено одложување, па дури и укинување на политичноста, уметниците во Кооперација, поединечно, но и низ континуирана соработка, се обидуваат да ги проблематизираат спорните вредности кои „галопирачки“ и без поширок консензус се дисеминираат низ културната инфраструктура во Македонија.

Преку изложбата „На коњите им се кратки нозете“[1] Кооперација прави пресек на досегашните обиди да се тематизираат и проблематизираат современите општествени феномени, преку лоцирање на точките на преклопување на критички ориентираната уметност и пропагандните механизми, како и опасностите и последиците од враќањето на големите нарации кои резултираат со неконтролирани националистички изблици. Авторите застапени на изложбата презентираат дела кои се (директна) реакција на еднонасочните инструментализирачки механизми и централизираните културни политики кои се причина за радикална поделеност на македонското општество и заострени конфронтации. Во делата, кои се документ на нивните естетско-морални позиции, авторите, отфрлајќи ја упростената иронична дистанца кон проблематичната стварност, истата ја проблематизираат искористувајќи различни, но сепак видливо конвергентни стратегии и постапки –  од отврена критика, до симулација на претерана идентификација, во обид да го разоткријат социо-политичкиот контекст и да го делегитимираат доминантниот, наметнат дискурс.


[1] НА КОЊИТЕ ИМ СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ – графити на зградата на Министерството за култура на Република Македонија кој се појави откако беа објавени моделите на првиот пар коњанички споменици од проектот „Скопје 2014“.
]]>
http://www.kooperacija.info/2014/11/21/%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%9a%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8%d0%bc-%d1%81%d0%b5-%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d0%b7%d0%b5%d1%82%d0%b5/feed/ 0
ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда http://www.kooperacija.info/2014/07/04/%d1%82%d0%be%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8-%d1%85%d0%b5/ http://www.kooperacija.info/2014/07/04/%d1%82%d0%be%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8-%d1%85%d0%b5/#comments Fri, 04 Jul 2014 19:55:20 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1526 Отворање: 07. 07. 2014 (понеделник), 20:30 ч. Локација: Бул. „Св. Климент Охридски“, бр. 60А, Скопје, Изложбата ќе биде отворена секој ден од 18-22 часот, до 12 јуни (сабота)

Виталиј Комар, ИРВИН, Сантијаго Сиера, Детекст (Раул Мартинез и Валентин Дучеа)Немања Цвијановиќ, Ибро Хасановиќ, Кристина Горовска и Јуре Лаврин, Инес Ефремова, Владимир Лукаш, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Ѓорѓе Јовановиќ, Игор Тошевски, ОПА, Владимир Јанчевски

Св. Климент Охридски“, бр. 60А, Скопје

Св. Климент Охридски“, бр. 60А, Скопје

Во време кога се прават напори да се одржи идејата за плурализмот, радикалниот дисбаланс во односот на силите со кои располагаат различни поединци и групи, претставува еден од основните проблеми при обидите за разрешување на различни конфликтни ситуации, особено во општества во кои на сцена стапуваат опции кои ја застапуваат и пропагираат неопходноста од беспоговорно заедништво и унификација. 

Еден од главните концепти во политичката теорија на Антонио Грамши е токму хегемонијата и нејзините механизми. Успехот на доминантните класи во наметнувањето на нивните сопствени дефиниции за реалноста и нивниот поглед на светот како здраворазумски, врз сите останати, според Грамши, ја дефинира суштината на она што го нарекуваме хегемонија.

Несомнено е дека успешноста ваквото становиште де се наметне како единствен можен дискурс за перцепирање на светот, во голема мера се постигнува токму со моќта на пропагандата.

И покрај сета претпазливост со која многумина приоѓаат, станува сè појасно дека уметноста поседува важна политичка димензија. Уметноста, некогаш е орудие за оддржувањето на дадениот симболички поредок, но често и како сила која активно учествува во рушењето и деконструкцијата на истиот.

Воопшто не е чудно што разни уметнички форми го имаат централното место во општествениот спектакл, бидејќи и самата уметност, уште во ерата пред формирање на нејзиниот поим во денешна смисла, произлегува од практики кои биле и се неразделни од политиката, волјата за моќ и хегемониските механизми.

Современиот уметник, кој е свесен дека неговата автономија е општествено условена, неизбежно се наоѓа во најусвитената зона. Особено од позиција на маргинализираност, сосем легитимно е современиот уметник да се бори за подобра позиција користејќи ги токму оние пропагандни механизми кои се насочени кон ефективност, а се најчесто применети како средство за манипулација во политичката пропаганда и корпоративниот маркетинг.

Но, како тоа да се направи имајќи ја предвид незавидната позиција на уметникот денес? Како да се спротивстави на доминацијата и сеприсутноста на мноштво други пораки во обид да ја подобри својата позиција? Дали ќе се приклучи во играта на визуелно-вербалниот спектакл за промоција на сопствената дејност, или ќе се одлучи за прикриена критика и проблематизирање на истите спорни вредности преку нивно интензивирање и инфлација? Дали да пристапи кон директна негација, или пак, кон радикално повлекување од потребата за ефект и отсуство на очекуваната силна порака?

Без оглед на тоа која стратегија ќе се одбере, на крајот се поставува прашањето: може ли уметникот да возврати на притисокот, да се обиде да ја одржи температурата на ниво на точката на топење и да се избори за својата позиција и неопходна состојба на ликвидност/флуидност?

Изложбата „Точка на топење: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда“ ги истражува точките на преклопување на уметноста со пропагандните механизми, обидувајќи се истовремно да даде критички осврт кон ефектите што разни општествено-историски ситуации го имаат врз перцепирањето на релацијата уметност и политика.

Изложбата е збир од индивидуални рефлексии, критики и реакции на еднонасочните инструментализирачки механизми и централизираните културни политики, преку (зло)употреба на типичните стратегии на доминантните идеологии кои постојано се обидуваат да ги задржат и зацврстат своите позиции, како и улогата на уметноста во нивното омекнување.

Со оваа изложба Кооперација има чест да биде домаќин на неколку странски уметници со исклучително плодна и квалитетна продукција од меѓународно значење. Некои од нив, по прв пат ќе бидат претставени на домашната публика. Во прилог следи кратка информација за нив.

 

Виталиј Комар е роден 1943 во Москва, а од 1978 година живее и работи во Њујорк. Тој е еден од основачите на Соц-арт движењето и еден од пионерите на т.н. мулти-стилистички постмодернизам. Комар е еден од главните протагонисти на легендарната „Булдожерска изложба“ од 1974 година. Создавал во соработка со неговиот долгогодишен пријател Александар Меламид до 2003 година. Значењето на делата на Комар е потврдено во сите релевантни прегледи на историјата на уметноста по 1960 година. Неговите дела се застапени во голем број значајни музеи во светот (Гугенхајм, Метрополитен, Витни, МоМА во Њујорк, Третјаковската галерија во Москва итн.).

Групата ИРВИН е основана во 1983 година во Љубљана и ја сочинуваат пет уметници од Словенија: Душан Мандиќ, Миран Мохар, Андреј Савски, РоманУранјек и Борут Вогелник. ИРВИН, заедно со Laibach и Gledališče sester Scipion Nasice, е со-основач на организацијата NSK (Neue Slowenische Kunst)и на NSK State in Time. Нивните дела се базираат на концептот за „ретрогардизам“ кој подразбира рециклирање на симболи, слики, филозофски идеи од минатото, особено оние што биле употребувани од државниот апарат со цел да акумулираат моќ и да се одржат на власт. Изложувале на многу места во Европа и САД, и на манифестации како Манифеста, Венециското Биенале итн.

Сантијаго Сиера е еден од најпознатите и најпровокативните шпански уметници. Во своите дела тој често се фокусира на структурите на моќ коиделуваат во нашиот секојдневен живот. Неговите дела често се во тензија во реалација со  гледачот, кој е изложен на она што може да се опише како формална и поетска артикулација на гласот на сите оние кои се вообичаеномаргинализирани или обесправени.

Detext е уметнички колектив формиран од Валентин Дучеа и Раул Мартинез.Живеат и работат во Њујорк и во Берлин. Нивните дела биле изложувани во повеќе различни институции и биеналиња во Европа и во САД, вклучувајќи го и Greater New York на MoMA PS 1 и Apexart во Њујорк, St. Etienne биеналето, миланското триенале и International Roaming биеналето во Белград, Лондон и Техеран.

Немања Цвијановиќ е хрватски уметник кој дипломирал на Accademia di Belle Arti di Venezia, а магистрирал на l’Università di Architettura, I.U.A.V. во Венеција. Ги користи речиси сите медиуми и техники на визуелната и изведувачка уметност. Неговиот фокус е преиспитувањето и откривањето на механизмите на производство, манипулација и истрошувањето на значењатаво пост-модерната култура и се базира на критичен став кон идеолошките и естетските вредности на модернистичката култура и општество.

Ибро Хасановиќ е босански уметник кој моментално живее и работи во Приштина. Студирал индустриски дизајн на Сараевската академија и современа уметност и филм во Le Fresnoy – Studio National des Arts Contemporains во Франција. Работи филмови, видео, фотографии и инсталации.

 

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Огнен Узуновски и екипата на клуб Сектор 909 за отстапениот простор.

Исто така, благодарност до:

PROMETEOGALLERY DI IDA PISANI

РЕАКТОР истражување во акција

Институт за социолошки и хуманистички науки

ЛОКОМОТИВА

Центар за современа уметност-Скопје

Групата ЅЕЕ и,

Галерија Остен

за позајмената/отстапената техничка опрема и поддршката.

]]>
http://www.kooperacija.info/2014/07/04/%d1%82%d0%be%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8-%d1%85%d0%b5/feed/ 0
АНОМАЛИИ: Не-дисциплинарни (ест)етички конструкции / Политики и граници на интерпретацијата http://www.kooperacija.info/2014/06/23/%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d1%86%d0%b8%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8-%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8/ http://www.kooperacija.info/2014/06/23/%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d1%86%d0%b8%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8-%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8/#comments Mon, 23 Jun 2014 01:05:30 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1490 самостојна изложба на Владимир Јанчевски
Локација: ул. „Њуделхиска“ бр. 6, Скопје
Отворање: 24. 06. 2014 (вторник), 21:00 ч.
Изложбата ќе биде отворена секој ден од 19-22 часот,
до 28 јуни (сабота)

Владимир Јанчевски (*1984, Скопје), дипломирал на Институтот за историја на уметноста (Современа уметност) на Филозофскиот факултет во Скопје. Во периодот 2009-2011 година е ангажиран како демонстратор по предметите за современа уметност. Од 2011 година учествува во активностите на Центарот за визуелни студии-Скопје, којшто е дел од Европската мрежа за визуелна култура. Како самостоен истражувач, работи во доменот на современата уметност, теоријата на уметноста и визуелните студии. Од 2005 година до сега огранизирал повеќе изложби, предавања и дискусии, уредувал публикации, учествувал на неколку научни конференции, а автор е и на триесетина текстови.Во мај 2012 година се приклучува на Иницијатива Кооперација и оттогаш учествува во конципирањето и реализацијата на сите проекти/активности (презентации, дискусии и изложби), а се јавува и како автор на индивидуални и колаборативни дела.

Локација: ул. „Њуделхиска“ бр. 6, Скопје

Локација: ул. „Њуделхиска“ бр. 6, Скопје

Изложбата „Аномалии“ во основа се занимава со различни аспекти на сложените меѓуодноси помеѓу сликата и текстот, во насока на дефинирање и анализа на граничните позиции и точките на вкрстување на овие два доминантни претставувачки модуси кои се истовремено и комплементарни и спротивставени, но секогаш меѓузависни. 

Делата, разработувани наизменично во периодот 2011-2014 година, се конципирани како „дијаграми“ за методолошка разработка на рефлексии кои се однесуваат на  вербалното и визуелното, и истовремено се „во постојана потрага по својот дискурс“, наоѓајќи се во меѓузоните на визуелната уметност, теоријата на уметноста, ликовната критика, историско-уметничката херменевтика, критичката теорија, визуелните студии и теоријата на сликата.

Една од појдовните точки е тезата дека уметноста, особено по енормната екстензија на опфатот на нејзиониот поим, како модел за не-дисциплинарност, е позитивна и неопходна системска „аномалија“, особено кога се става во функција на демаскирање на општествените не-правилности кои наметнуваат нормативност.

Во ерата на енормна презаситеност од сликата и нејзината апсолутна доминација наметната преку развојот на технологијата, период дефиниран како „иконички / сликовен пресврт“ (pictorial / iconic turn), и време на интензивирање на пост-продукциските обележја на уметноста, идејата е да се потенцира важноста на контролата при процесот на сигнификација и оттука авторската одговорност во изборот. Притоа се поставува прашањето дали доменот на современата уметност може да биде солидна база за развој на „новата иконологија“ која би ги приближила одвоените домени на теоријата и праксата, заснована на цикличен процес на генерирање на „слики“ кои самите ќе бидат процесирани како предмет на анализа и дополнително ќе генерираат нови кои ќе излегуваат од првично поставената рамка.

Врската помеѓу интересот и изборот на практики кои во основа се игри базирани на алтерации, вкрстување на кодови, а посебно за анаграмите и концептот за границите на интерпретацијата, не е случајна. Така, анаграмското дестабилизирање присутно во „Анаграмскиот логички квадрат“ конструиран врз еден конкретен бином (предавник – патриот), е насочено кон проблематизирање и одбивање на упростената бинарна логика која се наметнува како општествена норма на различни нивоа.

ANATHEMA_2

Најчесто интервенциите во делата се сведуваат на дестабилизација на едноставни постоечки иконографски решенија и текстуални конструкции, но такви кои се насочени кон изложување на нивниот потенцијал за „контра-ефект“. Тоа се рефлектира и во односот помеѓу сликите и насловите како базична текстуална рамка, истовремено користејќи ги за тематизирање на некои од сложените општествени феномени

како што е тенденцијата на доминантниот дискурс кој ја „профилира“ нашата стварност („Конструкција за класичен капител“, 2013), „Проблемот со името“ и обидот да се постигне „разумен компромис“, „без додавки и придавки“ („Анаграматика“, 2011-2014), потоа механизмите на институциите на културата низ кои се репродуцира системот како норма, за анонимноста, излегувањето од рамката како метафора за не-дисциплинарноста („Игра со класичен капител“, 2014) итн.

Намерата е не само да се деконструира тоа што е тематизирано, туку и механизмите кои ја овозможуваат циркулацијата на одредени проблематични слики и ја перпетуираат нивната ефективност.



]]>
http://www.kooperacija.info/2014/06/23/%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d1%86%d0%b8%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8-%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8/feed/ 0
Учество на Кооперација на BETWEEN FACTS AND FICTION http://www.kooperacija.info/2014/01/25/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-between-facts-and-fiction/ http://www.kooperacija.info/2014/01/25/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-between-facts-and-fiction/#comments Sat, 25 Jan 2014 22:47:41 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1483 во организација на forumZFD Kosovo

27-28.01.2014
Kosovo Foundation for Civil Society, Приштина

Учесници: Flaka Haliti (RKS), Saranda Bogujevci (RKS/UK), Vladimir Miladinović (RS), Saša Šimpraga (CRO), Nita Luci (RKS), Eli Krasniqi (RKS), Eliza Hoxha (RKS), Marko Krojač (DE), Nataša Govedarica (RS), Linda Gusia (RKS), Blerta Zeqiri (RKS), Astrit Ismaili (RKS), Organic Initiative (RKS), Arben Llapashtica (RKS), Internally Displaced (RKS), Agata Rogoś – Kooperacija (MKD)

ZFD Kosovo

]]>
http://www.kooperacija.info/2014/01/25/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-between-facts-and-fiction/feed/ 0
Критичка уметност и уметничка критика: одговорноста како заеднички именител http://www.kooperacija.info/2013/12/11/%d0%ba%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b8-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%ba/ http://www.kooperacija.info/2013/12/11/%d0%ba%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b8-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%ba/#comments Wed, 11 Dec 2013 13:14:22 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1402 време: 12 декември (четврток), 18:00 локација: кафе Концепт, ул. Рузвелтова 37, Скопје

Јавна дискусија

Учесници/говорници:

Проф. д-р Елизабета Шелева, м-р Бојан Иванов и Владимир Јанчевски (Кооперација)

Модератор: Елена Вељановска

По повод изложбата „Реидентификација“ и излегувањето на првиот број на „Критика“, Кооперација ја организира оваа средба од јавен карактер, на која би сакале да се поразговара за улогата на критиката во современите ликовни пракси, улогата на независните иницијативи во развојот на критичката мисла воопшто, за културните политики денес и можните правци за нивно модифицирање и усовршување.

кафе Концепт, ул. Рузвелтова 37, Скопје

кафе Концепт, ул. Рузвелтова 37, Скопје

]]>
http://www.kooperacija.info/2013/12/11/%d0%ba%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b8-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%ba/feed/ 0
РЕИДЕНТИФИКАЦИЈА http://www.kooperacija.info/2013/12/04/%d1%80%d0%b5%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/ http://www.kooperacija.info/2013/12/04/%d1%80%d0%b5%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/#comments Wed, 04 Dec 2013 13:06:10 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1378 Локација: Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.70, локал 2, Скопје Отворање: 06. 12. 2013, петок / 19:30 Изложбата ќе биде отворена до 14 декември

Снежана Алтипармак, Методи Ангелов, Мирна Арсовска, Дијана Богдановска, Урош Вељковиќ, Фотини Гусети, Марко Гутиќ Мижимаков, Сашо Димоски, Димитрие Дурацовски, Душан Дракалски, Инес Ефремова, Иван Ивановски, Јана Јакимовска, Владимир Јанчевски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Авив Круглански, Ана Лазаревска, Владимир Лукаш, Оливер Мусовиќ, Миле Ничевски, ОПА, Нада Прља, Вахида Рамујкиќ, Игор Сековски, Александар Спасоски, Славица Тошевска, Игор Тошевски, Симон Узуновски, Неда Фирфова, Борис Шемов

„Реидентификација“ има за цел да проговори за анонимноста од аспект на анонимното, односно за преименувањето од гледна точка на обезименувањето. Следствено, основното тежиште во оваа поставка е токму проблематизирањето на идентитетот преку името како знак/обележје и секако, можните импликации на отвореното (јавното) наспроти прикриеното (анонимното) во контекст на неизбежниот сооднос помеѓу естетското и политичкото. 

Се поставува прашањето дали може и како воопшто да се дефинира и одреди територијата на индивидуалното во однос на реалната просторна граница, а во рамки на општествениот простор? Ова посебно се одразува и во полето на современата уметност, каде во ерата на инсталацијата како тотално дело, таа ги инкорпорира не само разнородните медиуми и техники, туку и самиот простор кој природно станува нејзин составен дел. И можеби уште поважно е прашањето за тоа што конкретно имплицира ваквата поставеност на посебни ентитети/дела поместена на ниво на политичкото.

Од друга страна, покрај тоа што многу често може да се слушне дека „делото доволно говори“, доколку е тоа лишено од неговиот контекст, станува многу потешко, можеби дури и невозможно истото целосно да се протолкува. Но, токму во соочувањето со уметничкиот објект без посредство на неговите придружни елементи, кои во голема мера го оддават контекстот, Кооперација гледа сериозен предизвик. Оттаму, еден од условите за учество на оваа конкретна изложба беше барањето за свесното откажување (дури и ако е привремено или само симболички) од било какво обележје кое би посочило на идентитетот на авторот. Ова отстапување од стандардните современи музејско-галериски принципи понатаму би го позиционирало делото во состојба на несигурна интерпретација, состојба на дисбаланс, и следствено дисторзија во односот уметник-публика. Конечно, ваквата нестабилна конфигурација може да се протолкува како своевидна рефлексија на општествено-политичките состојби во кои егзистираме.

Затоа, „Реидентификација“ е обид да се преиспитаат одредени позиции на анонимноста преку процесот на соединување на автохтони дела од поголем број уметници кои од позиција на личното говорат за колективниот идентитет, како и за оној на самиот автор, за индивидуалната одговорност, авто-цензурата и други аспекти од општественото бивствување.

Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.70, локал 2, Скопје

Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.70, локал 2, Скопје

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Виолета и Сашо Конески за отстапениот простор.

* КООПЕРАЦИЈА е самофинансирана група на автори отворени за соработка со други домашни и странски уметници и колективи.

 

]]>
http://www.kooperacija.info/2013/12/04/%d1%80%d0%b5%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/feed/ 0
ТУЃО ТЕЛО http://www.kooperacija.info/2013/11/10/%d1%82%d1%83%d1%93%d0%be-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be/ http://www.kooperacija.info/2013/11/10/%d1%82%d1%83%d1%93%d0%be-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be/#comments Sun, 10 Nov 2013 12:53:44 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1323 Изложба на Кооперација 
Локација: Галерија „Грета“, ул. Илица бр.92, Загреб
Отворање: 11 ноември 2013, 20.00 часот
Изложбата ќе биде отворена до 17 ноември (недела)

Симон Узуновски, Велимир Жерновски, Оливер Мусовиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Инес Ефремова, Никола Узуновски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, ОПА, Харалд Шенкер, Игор Тошевски, Александар Спасоски, Владимир Лукаш, Филип Јовановски, Владимир Јанчевски

КООПЕРАЦИЈА е иницијатива чија цел е активно делување вон инертните институционални рамки а која предлага еден поинаков начин на создавање и доживување на современата уметност на територијата на Република Македонија. КООПЕРАЦИЈА се залага за поместување и редефинирање на границите помеѓу јавниот и личниот простор и отворање на прашањето за активната улога на уметноста во контекст на централизираната културна политика и општествените дискурси. КООПЕРАЦИЈА се стреми да ја поттикне интеракцијата во релацијата уметник – публика. 

Ове е прва изложба на Кооперација надвор од Република Македонија. Изложбата опфаќа дела изложени на (или кои се во корелација со) досегашните настани на Кооперација додека изборот на делата насочува кон присуството на телото во еден специфичен социјален и локален контекст,  третирајки го како политички простор. “Иако делата во оваа изложба не се занимаваат со буквална референца на телесно присуство преку перформанс, сепак, сите се однесуваат на злоупотребата или принудното предавање на телото во масата, или пак неговото отсуство посведочено преку траги на претходно присуство, текстуални „фусноти“ или документирани интервенции во јавниот простор”, вели Владимир Јанчевски во текстот кон изложбата.

Основната стратегија на КООПЕРАЦИЈА е окупирање на привремено слободни простори распрскани по урбаниот пејсаж и јавно изложување преку стратегија на блицкриг настапи. Замислена е како поттикнување на активен конструктивен дијалог во име на преиспитување на критичките позиции преку уметноста и создавање на поволна клима за продлабочување на можностите за слободна размена на идеи, искуства и слобода на изразувањето.

Галерија „Грета“, ул. Илица бр.92, Загреб

Галерија „Грета“, ул. Илица бр.92, Загреб

КОПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Крунислав Стојановски, Давид Лушичиќ, Смиљан Тољ и Звонимир Марчиќ за соработката, како и на Галерија „Грета“ во Загреб за отстапениот простор.

]]>
http://www.kooperacija.info/2013/11/10/%d1%82%d1%83%d1%93%d0%be-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be/feed/ 0
bblackboxx – Уметноста како еманципаторска практика против граничните политики http://www.kooperacija.info/2013/11/03/bblackboxx-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80/ http://www.kooperacija.info/2013/11/03/bblackboxx-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80/#comments Sun, 03 Nov 2013 17:34:44 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1297 Говор на Алмут Рембгес, со дискусија Локација: Кафе „Пабло“, бул. „8 септември“, бр.8, влез 2, локал 6, Скопје Почеток: 05. 11. 2013, вторник / 19:00 ч.

* Презентацијата ќе биде на англиски јазик

„bblackboxx е независен уметнички простор на швајцарската граница, во соседството на казнен комплекс, каде што се чуваат 300 баратели на азил, а понекогаш и се депортираат. Уште од 2007 година цела една мрежа од уметници и теоретичари околу bblackboxx, разви програма од уметнички дејствија и теоретска работа, која се спротиставува на засилените ксенофобични и супресивни миграциони политики на земјата“.

Иницијаторот Алмут Рембгес ќе зборува за специфичните еманципаторни практики на bblackboxx, како контра-модел против еден контекст, кој инаку е дефиниран преку контрола и милосрдие. 

Повеќе информации: www.bblackboxx.ch

Алмут Рембгес е концептуална уметница и активистка од Швајцарија. Во нејзините дваесетти години почнала да студираа бизнис економија. Престанала еден ден, кога морала да слуша еден професор кој објаснил зошто на капитализмот му се потреби сиромашните. Тогаш се префрлила на Уметничка теорија на универзитетот во Базел, каде во 2003 година ја работела магистерската. По краток период како музејски водич, станала асистент за различни независни театарски групи во Швајцарија и Германија, каде што научила за практиките на документарен перформанс. Во 2007 година почнала да го води “bblackboxx”, неформален простор на отворено, на швајцарско-германската граница каде што соработува со уметници и теоретичари, кои се ангажирани во критичкиот дискурс за европската погранична политика. Просторот е споделен од страна и на граѓаните на Базел и од лица баратели на азил (луѓе без статус на граѓани), кои живеат во прифатниот камп во близина. Заедно тие имаат изградено отворена колаборативна мрежа која има реализирано повеќе од 60 уметнички проекти на самото место. Поголемиот дел од проектите ги третираат прашањата на само-зајакнување, самоорганизирање и анти-расистички активности. Рембгес ја сумира работата на bblackboxx мрежата како тековни контра-перформанси против угнетувањето и изолација на оние кои немаат статус на граѓани во земјата. Тоа е, исто така, само-образовна академија без граници, која е отворена за секој, кој е заинтересиран за стекнување независни знаења за последиците од тековната миграциона политиката во Шенген зоната. Од 2010 година, Рембгес го префрла практиките на bblackboxx и на други места, на пример во Градската галерија во Берн и во Музејот на културите во Базел. Од време на време, таа е гостувачки професор на универзитетите и уметничките академии во Швајцарија.

Овој настан на КООПЕРАЦИЈА е реализиран како резултат на соработката која Алмут Рембгес ја оствари при нејзиниот едномесечен престој во “artist in residence” програмата поддржана од Pro Helvetia и реализирана во соработка со фестивалот CULTURESCAPES, „Факултет за работи што не се учат“, АКТО фествалот за современа уметност и Центар за Култура – Битола

Кафе „Пабло“, бул. „8 септември“, бр.8, влез 2, локал 6, Скопје

Кафе „Пабло“, бул. „8 септември“, бр.8, влез 2, локал 6, Скопје

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Миле Станишковски Станиш и Кафе „Пабло“ за отстапениот простор.

]]>
http://www.kooperacija.info/2013/11/03/bblackboxx-%d1%83%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80/feed/ 0
Учество на Кооперација на BALKAN(S) NOW http://www.kooperacija.info/2013/10/25/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-balkans-now/ http://www.kooperacija.info/2013/10/25/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-balkans-now/#comments Thu, 24 Oct 2013 23:08:11 +0000 http://www.kooperacija.info/?p=1216 BALKAN(S) NOW, семинар и уметнички преглед Mestna galerija, Љубљана, Словенија 25-26 октомври 2013

Во најавата на овој семинар се вели:
“BALKAN(S) NOW куриран од Ѓулшен Бал (Gülsen Bal) и Марлен Риглер (Marlene Rigler) во соработка со Open Systems (Виена), Mestna galerija (Љубљана) и Remont (Белград) има за цел активно да се позанимава со тековната уметничка практика во земјите од поранешна Југославија бидејќи веруваме дека политичката уметничка практика, која е повеќе од потребна, е обликувана во земји како што се Србија, Македонија, Косово или Словенија: практика која се потпира на само-зајакнување, силно вмрежување во регионот и проевропски, но сепак критички став. Од таа причина во потрага по уметничка сцена насекаде јужно од австриската граница, се открива жива, исклучително меѓусебно поврзана уметничка сцена што е цврсто поставена.”

KAPITAL-kooperacija-002
Панели:

Петок, 25 Октомври, 6.00 – 7:30

Уметноста и доменот на политиката: современата уметничка практика и политизација на граѓанското општество

Алберт Хета (Albert Heta, уметник и ко-основач на Stacion – Center for Contemporary Art Pristina, Приштина)
Игор Тошевски (уметник и ко-основач на Кооперација, Скопје)
ИРВИН (IRWIN, уметнички колектив, Љубљана)
Лана Здравковиќ (Lana Zdravković, истражувач, публицист, политички активист, уметник – Mirovni Inštitut and Institute KITCH Ljubljana)

Модератор: Дитер Хамер (Dieter Hammer)

Сабота, 26 октомври, 11.00 – 12:30 ч.

Прекугранично уметничко и институционално вмрежување  на екс- југословенскиот контекст како модел за Европа Барбара Борчиќ (Barbara Borčić, директор и раководител на програмата за видео, SCCA – Центар за современи уметности Љубљана)

Мирослав Кариќ (Miroslav Karić, ликовен критичар и куратор, Ремонт – асоцијација на независни уметници, Белград)
Зоран Пантелиќ (Zoran Pantelić, New Media Art Centre – Kuda, Нови Сад)

Модератор: Дитер Хамер (Dieter Hammer)

12.00-14.00 ч.
Филмски и видео проекции

Јане Чаловски, Немања Цвијановиќ, Ибро Хасановиќ, Астрит Исмаили, Албан Муја, Владан Јеремиќ и Рена Редле, Милица Томиќ
(Yane Calovski,  Nemanja Cvijanović, Ibro Hasanović,  Astrit Ismaili, Alban Muja, Vladan Jeremić and Rena Rädle, Milica Tomić)

По проекцијата ве покануваме на:

Уметничка лабораторија / Перформанс:
Лана Чмајчанин (Lana Čmajčanin, уметник, Сараево)

http://www.openspace-zkp.org/2013/en/events.php?y=2013&p=71

]]>
http://www.kooperacija.info/2013/10/25/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-balkans-now/feed/ 0