“V” (интерактивен настан)
Грабни-бегај акција во соработка со ОЗТ Фабрика
датум: 14 јули 2012 (сабота) локација: Димитар Влахов 10, Виница време: 19:30 настанот ќе трае до 20 јули 2012, секој ден: 11:00-14:00 и 18:00-21:00
Стотици книги заедно формираат споменик во кој секоја од нив е истовремено сама за себе скулптура. Споменик кој постојано ја менува својата форма, маса, тежина, смисла, содржина; споменик кој се надоврзува на колективната меморија и подзаборавената улога на книгата. Споменик чија нова смисла ќе биде одново откриена во повторното раздавање/распарчување и споделување на токму онолку делови од колку е и направен, на онолку граѓани на кои тој навистина им припаѓа.