ЦЕНЗУРАТА ЗАБРАНЕТА СПОРЕД УСТАВ
Член 16
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и Continue reading
Ново: одговорните за цензура
Според најновите информации во медиумите (Вест, бр. 3593, Сабота/ Недела 16/17 Јуни, 2012), Градот Скопје се повлекува од одговорноста за вандалското уништување на уметничкото дело на ОПА кое беше дел од проектот на Арс Акта а во склоп на фестивалот Скопје Креатива. Според нив, одговорноста треба да се бара кај продуцентот на Скопје Креатива, Миодраг Костиќ. КООПЕРАЦИЈА ќе го следи процесот на барање официјално соопштение од одговорните лица за конкретните причини и одлуката да се издаде налог за ваквото уништување на уметноста во јавниот простор и интелектуалната сопственост.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
По повод скорешниот брутален чин на цензура на авторското дело на ОПА кое требаше да биде дел од фестивалот Скопје Креатива во организација на Градот Скопје, КООПЕРАЦИЈА јавно се изјаснува со најостра осуда против неспособноста на организаторот кој дозволи реакциите на конкретна група граѓани и МПЦ да влијаат врз неговата одлука за уништување на делото, кое сепак беше во сопственост на Градот а со тоа, на граѓаните на Република Македонија.
Овој чин е сосема спротивен на сите стандарди и начела за заштита на Човековите права за слободно изразување и слободата на говорот па воедно, тој претставува грубо кршење на самите принципи на демократијата во земјава.
Уметниците кои орбитираат во КООПЕРАЦИЈА се искрено згрозени од ваквиот непринципиелен став на Градот Скопје и изразуваат жалење и разочарување што оваа институција не покажа способност да ги заштити овие скапоцени права.
КООПЕРАЦИЈА

Список на поддржувачи Continue reading
отворен повик

дали сте за кооперација?
КООПЕРАЦИЈА е отворена за соработка со визуелни уметнци од сите дисциплини. Заинтересираните можат да пратат свое портфолио, избор на дела (jpeg) на kooperati[at]gmail.com . Сите доставени трудови ќе бидат земени предвид за идните изложби во организација на КООПЕРАЦИЈА.

