Теророт на општеството на позитивноста и етиката на среќата
Предавање на д-р Марко Стаменковиќ (Србија)
и јавна дискусија со уметниците од Иницијатива Кооперација (Македонија)
Датум: 25. 02. 2015 (среда), 20.00-21.30 ч Локација: Филозофски/Филолошки факултет (@А3)
Постојат различни студии и истражувања кои тежнеат кон кванитифицирање на среќата преку дефинирање на одредени показатели и мерни вредности за општествениот развој и благосостојбата на поедини земји, базирани на најразлични параметри меѓу кои е стандардот на граѓаните, економскиот раст, но и општествената кохезија, нивото на толеранција и политичката култура, слободата на медиумите како и развивањето на интерактивни културни модели.
Една од целите е да се преиспитуваат актуелните тенденции за императивно наметнување на среќата кои го претвораат светот во подрачје во кое владее „терор на позитивност“, особено преку изолирање на поедниците и групите кои тврдоглаво се опираат на пропишаната рационалност на „позитивноста“ и „среќата“.
Тоа се чини уште поапсурдно доколку не-критички се превземаат и применуваат утилитаристичките модели за квантифицирање на среќата, особено во земји кои сезалагаат (барем декларативно) и сонуваат за достигнување на западните вредности и економскиот стандард, а всушност остануваат заглавени и покажуваат сериозни знаци на дисфункционалност, општества во кои постојано се одложува соочувањето со реалноста.
Предавањето на Марко Стаменковиќ и дискусијата со уметниците од Иницијатива Кооперација се во насока на претставување и разработка на можните теориски рамки врзани за пост-социјалистичкиот контекст во југоситочна Европа, разгледувајќи различни микрополитички облици на бунт и отпор дефинирани како форми на „противтерор на негативноста во услови на некросликовен режим на моќта“, особено во рамки на неолибералната „етика на среќата“ и нејзиниот „терор на позитивноста“.
__________
Марко Стаменковиќ (1977, Врање) е куратор од јужна Србија. Дипломирал Историја на уметност на Универзитетот во Белград (2003) и магистрирал на Интердисциплинарни културолошки студии на Универзитетот за уметност во Белград (2005). Во 2014, се здобива со докторска титула по Филозофија на Универзитетот во Гент (Белгија) со трудот “Суицидални култури: теории и практики на радикалното повлекување”. Неговото истражување е остварено преку Одделот за филозофија и наука за моралот” под менторство на проф. д-р. Том Клас (CEVI-Center for Ethics and Value Inquiry).
