УТОПИИ / ДИСТОПИИ: ДОКУМЕНТИ 20.04.2013
Тихомир ЈАНЧОВСКИ
Noli turbare monumentum meum!
Јавен перформанс
Локација: центар на Скопје
16.4.2013
Авторот миметички се идентификува со скулптурата на Филип 2 држејќи свијок со негови текстови кои се пародија на проектот Скопје 2014. Текстовите, кои претходно беа објавени на социјалните мрежи, предизвикаа контрадикторни реакции во јавните медиуми кои погрешно ги реинтерпретирале истите како про-владина поддршка.
КАДЕ СЕ СИТЕ? / ПОСТ-ИЗЛОЖБА ФОТО
Изложбата „Каде се сите?“ беше реализирана во простории наменети за изнајмување, кои немаат ни струја ни вода. Свесни за тој технички „недостаток“, Кооперација заклучи дека уметноста треба да проговори токму во ваков амбиент, кој е своевидна рефлексија на политичкиот, економскиот и културен мрак во кој денес е втурнато нашето општество.







