ЕПП: пост-изложба фотки

Учесници: Ѓорѓе Јовановиќ – ОПА – Игор Тошевски – Филип Јовановски – Никола Узуновски – Христина Иваноска – Јане Чаловски – Велимир Жерновски – Инес Ефремова – Владимир Лукаш

Владимир Лукаш, Ток свјести, Анти- витешка приказна, Слепиот патник,
Postcard from my dealer, Приказна со повеќе завршетоци, Среќната фонтана, Скопје Pt. 2,
Saló (Shitler), 2012 Комбинирана техника на хартија

Христина Иваноска и Јане Чаловски, Најдени пароли (пред некој ден) oставени во Точка (пред некоја година), 2012 Комбинирана техника на хартија и дрво, текстил

Христина Иваноска и Јане Чаловски, Онаму каде што требаше да има знаме што гордо ќе се вее, 2012 комбинирана техника
Фотографии: ОПА











Почитувани колеги и „Кооперанти“,
во врска со вашиот „отворен повик за соработка“ на вашата веб страница, а во името на семејството Зиновски-Вилиќ, слободен сум да ве известам за следното:
На состанокот на семејниот совет одржан на ден 27 мај од 7-10 ч., по дискусијата на единствената точка на дневниот ред – „Отворен повик за соработка на ‘кооперација’“ беа донесени следните заклучоци:
1. Четиричленото семејство Зиновски-Вилиќ е согласно, пред да изврши молерисување, да и’ го овозможи на ‘кооперација’ својот стан на ул. Булевар Октомвриска револуција 12-1/9, Скопје со употреблива површина 50 м2 (без собата на Марко), на еднодневна употреба на ден 6 или 7 јуни 2012 помеѓу од 19-22 ч. (согласно Законот за домување и куќен ред во колективни станбени објекти) за изложбените потреби на ‘кооперација’.
2. Истата согласност е резултат на напорот (од завчера и институционално организиран во рамките на „Јадро“ – асоцијација на независната културна сцена) и семејството Зиновски-Вилиќ да и’ помогне на независната културна сцена вонинституционално (i.e. приватно).
3. Услови за користење на наведениот стан се:
– сѐ од куќната опрема и мебелот да остане на свое место за времетраење на изложбата;
– станот да биде овозможен за нормална и секојдневна употреба во времетраење на изложбата (i.e. пиење вечерно кафе на домаќините и гледање на централните вести на Алфа ТВ во 19 ч. и: варијанта 1: „Пулс со Ана Јовковска“ на истата телевизија во 20 ч. – ако е на 6 јуни или варијанта 2: „WinWin со Оливера Трајковска“ – ако е на 7 јуни; (поточно, да работи телевизорот));
– може да се користат: дневната соба, ходникот, кујната, балконот на кујната и делот од надворешниот ходник пред влезот во станот и тоа на ѕидовите, комодите, пијаното, подот, работната маса на Небојша и сите други и слични површини, аудио (Rotel засичувач и B&W DM 303 звучници) и видео (DVD плеер и ТВ) опремата и 1 лаптоп (iBook G4, Tiger 10.4.11);
– единственото изложено уметничко дело од семејната колекција (Мрѓан Бајиќ, „Резервоар“, 1995, цртеж и колаж на хартија каширана на платно, без рамка) да остане на ѕидот за времетраење на изложбата (види фотографија);
– да се овозможи слободно движење на членот на семејната заедница – Морис „Куче“ (лабрадор, 20 месеци, во зрел пубертет и заради тоа малку повеќе „несташан“, особено на други машки кучиња) (види фотографија).
3. Сопствениците се обврзуваат:
– да им овозможат пристап во станот на сите заинтересирани уметници од „кооперација“ за изложување (со претходна најава) пред настанот;
– да прифатат било каква изложена содржина (нема цензура);
– да го пријават настанот кај престедателот на Заедницата на станари;
– да ги покријат сите трошоци за потрошената електрична енергија, вода, сапун и тоалетна хартија;
– да го исчистат ходникот (скалите и влезниот дел пред зградата) по завршувањето на настанот oд отпушоци, чаши и останат смет (отпадоци од кеси од „смоки“, чипсови, „бејк-ролс со лукче“, кроасани „7 дејс“ и сл. направени од посетителите на настанот).
4. Заклучоците беа донесени со: 2 гласа „за“, 1 „сеедно ми е, шо сакате прајте “ и 1 „без глас“ (согласно биолошката неможност на Морис „Куче“ да се произнесе позитивно по точката).
Во прилог на овој допис Ви го испраќаме и линкот [xxx] од којшто може да ги преземете и фотографиите од станот (се извинуваме за лошиот квалиетет) за ваш подобар увид во изложбените можности на станот. Телефон за контакт: — — —.
Во исчекување на вашиот одговор и со надеж дека ќе ја прифатите нашата понуда и за успешна соработка, дозволете ни, на крајот, срдечно да ве поздравиме.
Семејство Зиновски-Вилиќ
Марко, Александра, Небојша и Морис „Куче“
Pingback: Синергија помеѓу органското и механичкото | Reper