RESIST TO EXIST

ОТПОР ЗАРАДИ ОПСТАНОК

датум: 24 септември 2012 (понеделник)
локација: "Султан кафе", ул. 113, бр. 14 (Стара Чаршија)
време: 20:00

клик на мапата за поголема верзија

Во фокусот на презентацијата на кураторката Агата Рогош е Институтот за уметност Wyspa (Wyspa Institute of Art), првиот приватен институт за современа уметност во Полска. Основан од Wyspa Progress Foundation во 2004 година, Wyspa е лоциран во просториите на поранешното бродоградилиште во Гдањск, местото каде што во 1980 година се зачна работничкото движење “Солидарност“.

Ќе се запознаеме сo уметничката сцена во Гдањск и партиципативните проекти видени во специфичен општествен и политички контекст и нeговите историски знаменитости.

Повеќе информаци за Wyspa Institute of Art можете да најдете на нивната веб страна: www.wyspa.art.pl

* Презентацијата ќе биде на англиски јазик

Благодарност до Кемал Али за отcтапениот простор и до Анита Ивковиќ за соработката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СОРАБОТКА
КООПЕРАЦИЈА секогаш има потреба од нов изложбен простор. Доколку сакате да го промовирате Вашиот неотворен деловен простор, салон, магацин, стан или сакате да ја поддржите уметноста на било кој начин, КООПЕРАЦИЈА е тука за Вас