Теророт на општеството на позитивноста и етиката на среќата
Предавање на д-р Марко Стаменковиќ (Србија)
и јавна дискусија со уметниците од Иницијатива Кооперација (Македонија)
Датум: 25. 02. 2015 (среда), 20.00-21.30 ч Локација: Филозофски/Филолошки факултет (@А3)
Постојат различни студии и истражувања кои тежнеат кон кванитифицирање на среќата преку дефинирање на одредени показатели и мерни вредности за општествениот развој и благосостојбата на поедини земји, базирани на најразлични параметри меѓу кои е стандардот на граѓаните, економскиот раст, но и општествената кохезија, нивото на толеранција и политичката култура, слободата на медиумите како и развивањето на интерактивни културни модели. Continue reading
НА КОЊИТЕ ИМ СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ
Отворање: 24.11.2014 (понеделник), 19:00 ч.;
разговор и презентација во 18:00 ч.
Локација: Ремонт Галерија, Маршал Бирјузов 7, Белград, Србија
Изложбата ќе трае до 29.11.2014
Игор ТОШЕВСКИ / ОПА (Слободанка СТЕВЧЕСКА и Денис САРАГИНОВСКИ) / Оливер МУСОВИЌ / Филип ЈОВАНОВСКИ / Никола УЗНОВСКИ / Ѓорѓе ЈОВАНОВИЌ / Владимир ЈАНЧЕВСКИ
Зачестените обиди за стеснување и укинување на просторот за отворена дискусија и видливите реперкусии врз секој анти-дисциплинарен чин, говорат за конкретизирањето на одамна воочената криза на рационалноста и бруталната инструментализација на нејзините комуникациски потенцијали. Тоа е тенденција која низ локалните квази-интерпретации и изразени авторитарни склоности маскирани како нужност, единствено може да не одведе во нова ера, која за обичниот граѓанин би била реална анти-хумана дистопија. Continue reading
ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда
Отворање: 07. 07. 2014 (понеделник), 20:30 ч. Локација: Бул. „Св. Климент Охридски“, бр. 60А, Скопје, Изложбата ќе биде отворена секој ден од 18-22 часот, до 12 јуни (сабота)
Виталиј Комар, ИРВИН, Сантијаго Сиера, Детекст (Раул Мартинез и Валентин Дучеа), Немања Цвијановиќ, Ибро Хасановиќ, Кристина Горовска и Јуре Лаврин, Инес Ефремова, Владимир Лукаш, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Ѓорѓе Јовановиќ, Игор Тошевски, ОПА, Владимир Јанчевски
Во време кога се прават напори да се одржи идејата за плурализмот, радикалниот дисбаланс во односот на силите со кои располагаат различни поединци и групи, претставува еден од основните проблеми при обидите за разрешување на различни конфликтни ситуации, особено во општества во кои на сцена стапуваат опции кои ја застапуваат и пропагираат неопходноста од беспоговорно заедништво и унификација. Continue reading
АНОМАЛИИ: Не-дисциплинарни (ест)етички конструкции / Политики и граници на интерпретацијата
самостојна изложба на Владимир Јанчевски
Локација: ул. „Њуделхиска“ бр. 6, Скопје Отворање: 24. 06. 2014 (вторник), 21:00 ч. Изложбата ќе биде отворена секој ден од 19-22 часот, до 28 јуни (сабота)
Владимир Јанчевски (*1984, Скопје), дипломирал на Институтот за историја на уметноста (Современа уметност) на Филозофскиот факултет во Скопје. Во периодот 2009-2011 година е ангажиран како демонстратор по предметите за современа уметност. Од 2011 година учествува во активностите на Центарот за визуелни студии-Скопје, којшто е дел од Европската мрежа за визуелна култура. Како самостоен истражувач, работи во доменот на современата уметност, теоријата на уметноста и визуелните студии. Од 2005 година до сега огранизирал повеќе изложби, предавања и дискусии, уредувал публикации, учествувал на неколку научни конференции, а автор е и на триесетина текстови.Во мај 2012 година се приклучува на Иницијатива Кооперација и оттогаш учествува во конципирањето и реализацијата на сите проекти/активности (презентации, дискусии и изложби), а се јавува и како автор на индивидуални и колаборативни дела.
Учество на Кооперација на BETWEEN FACTS AND FICTION
во организација на forumZFD Kosovo
27-28.01.2014 Kosovo Foundation for Civil Society, Приштина
Учесници: Flaka Haliti (RKS), Saranda Bogujevci (RKS/UK), Vladimir Miladinović (RS), Saša Šimpraga (CRO), Nita Luci (RKS), Eli Krasniqi (RKS), Eliza Hoxha (RKS), Marko Krojač (DE), Nataša Govedarica (RS), Linda Gusia (RKS), Blerta Zeqiri (RKS), Astrit Ismaili (RKS), Organic Initiative (RKS), Arben Llapashtica (RKS), Internally Displaced (RKS), Agata Rogoś – Kooperacija (MKD)
Критичка уметност и уметничка критика: одговорноста како заеднички именител
време: 12 декември (четврток), 18:00 локација: кафе Концепт, ул. Рузвелтова 37, Скопје
Јавна дискусија
Учесници/говорници:
Проф. д-р Елизабета Шелева, м-р Бојан Иванов и Владимир Јанчевски (Кооперација)
Модератор: Елена Вељановска
По повод изложбата „Реидентификација“ и излегувањето на првиот број на „Критика“, Кооперација ја организира оваа средба од јавен карактер, на која би сакале да се поразговара за улогата на критиката во современите ликовни пракси, улогата на независните иницијативи во развојот на критичката мисла воопшто, за културните политики денес и можните правци за нивно модифицирање и усовршување.
РЕИДЕНТИФИКАЦИЈА
Локација: Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.70, локал 2, Скопје Отворање: 06. 12. 2013, петок / 19:30 Изложбата ќе биде отворена до 14 декември
Снежана Алтипармак, Методи Ангелов, Мирна Арсовска, Дијана Богдановска, Урош Вељковиќ, Фотини Гусети, Марко Гутиќ Мижимаков, Сашо Димоски, Димитрие Дурацовски, Душан Дракалски, Инес Ефремова, Иван Ивановски, Јана Јакимовска, Владимир Јанчевски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Авив Круглански, Ана Лазаревска, Владимир Лукаш, Оливер Мусовиќ, Миле Ничевски, ОПА, Нада Прља, Вахида Рамујкиќ, Игор Сековски, Александар Спасоски, Славица Тошевска, Игор Тошевски, Симон Узуновски, Неда Фирфова, Борис Шемов
„Реидентификација“ има за цел да проговори за анонимноста од аспект на анонимното, односно за преименувањето од гледна точка на обезименувањето. Следствено, основното тежиште во оваа поставка е токму проблематизирањето на идентитетот преку името како знак/обележје и секако, можните импликации на отвореното (јавното) наспроти прикриеното (анонимното) во контекст на неизбежниот сооднос помеѓу естетското и политичкото. Continue reading
ТУЃО ТЕЛО
Изложба на Кооперација
Локација: Галерија „Грета“, ул. Илица бр.92, Загреб Отворање: 11 ноември 2013, 20.00 часот Изложбата ќе биде отворена до 17 ноември (недела)
Симон Узуновски, Велимир Жерновски, Оливер Мусовиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Инес Ефремова, Никола Узуновски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, ОПА, Харалд Шенкер, Игор Тошевски, Александар Спасоски, Владимир Лукаш, Филип Јовановски, Владимир Јанчевски
КООПЕРАЦИЈА е иницијатива чија цел е активно делување вон инертните институционални рамки а која предлага еден поинаков начин на создавање и доживување на современата уметност на територијата на Република Македонија. КООПЕРАЦИЈА се залага за поместување и редефинирање на границите помеѓу јавниот и личниот простор и отворање на прашањето за активната улога на уметноста во контекст на централизираната културна политика и општествените дискурси. КООПЕРАЦИЈА се стреми да ја поттикне интеракцијата во релацијата уметник – публика. Continue reading
bblackboxx – Уметноста како еманципаторска практика против граничните политики
Говор на Алмут Рембгес, со дискусија
Локација: Кафе „Пабло“, бул. „8 септември“,
бр.8, влез 2, локал 6, Скопје
Почеток: 05. 11. 2013, вторник / 19:00 ч.
* Презентацијата ќе биде на англиски јазик
„bblackboxx е независен уметнички простор на швајцарската граница, во соседството на казнен комплекс, каде што се чуваат 300 баратели на азил, а понекогаш и се депортираат. Уште од 2007 година цела една мрежа од уметници и теоретичари околу bblackboxx, разви програма од уметнички дејствија и теоретска работа, која се спротиставува на засилените ксенофобични и супресивни миграциони политики на земјата“.
Иницијаторот Алмут Рембгес ќе зборува за специфичните еманципаторни практики на bblackboxx, како контра-модел против еден контекст, кој инаку е дефиниран преку контрола и милосрдие. Continue reading
Учество на Кооперација на BALKAN(S) NOW
BALKAN(S) NOW, семинар и уметнички преглед Mestna galerija, Љубљана, Словенија 25-26 октомври 2013
Во најавата на овој семинар се вели:
“BALKAN(S) NOW куриран од Ѓулшен Бал (Gülsen Bal) и Марлен Риглер (Marlene Rigler) во соработка со Open Systems (Виена), Mestna galerija (Љубљана) и Remont (Белград) има за цел активно да се позанимава со тековната уметничка практика во земјите од поранешна Југославија бидејќи веруваме дека политичката уметничка практика, која е повеќе од потребна, е обликувана во земји како што се Србија, Македонија, Косово или Словенија: практика која се потпира на само-зајакнување, силно вмрежување во регионот и проевропски, но сепак критички став. Од таа причина во потрага по уметничка сцена насекаде јужно од австриската граница, се открива жива, исклучително меѓусебно поврзана уметничка сцена што е цврсто поставена.”





