НАЈАВИ

ПРОЕКТ КОЈ НЕ Е ПРОЕКТ / ОПА

Проекција на видео-дело и промоција на книга
Локација: Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 
           (Бул. „Партизански одреди” бр.99, Скопје) 
Отворање: 22. 10. 2013 (вторник), 20:30 (едновечерен настан)
ОПА (Опсесивно посесивна агресија)

ОПА е формирана во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (*1971, Скопје). Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Работат на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА, до сега, има самостојно изложувано во Македонија, Естонија, Словенија, Хрватска, Франција, Германија, САД и Холандија. Има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали како Трансмедиале, Берлин; Freewaves – Биенале на нови медиуми, Лос Анџелес; Биенале на современи уметности, Москва; итн. Има остварено резиденцијални престои во Франција, Естонија, Германија и Швајцарија.

www.o-p-a.org

„Проект кој не е проект“, 2006, видео, 42мин.

„Проект кој не е проект“, 2012, книга

Бул. „Партизански одреди“ бр.99, Скопје

Бул. „Партизански одреди“ бр.99, Скопје

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за отстапениот простор и на Миле Станишковски Станиш и Сашко Граматниковски за соработката.

 

УТОПИИ / ДИСТОПИИ: ДОКУМЕНТИ

Локација: Архитектонско студио „Архитектри“,
          ул. Франклин Рузвелт, бр. 68, 1/2 (прв кат), Скопје 
Отворање: 20. 04. 2013 (сабота), 20:00 
          (изложбата ќе биде отворена само вечерта до 22:00)

Мирна Арсовска, Ивана Драгшиќ, Александар Спасоски, Оливер Мусовиќ, Игор Тошевски, Харалд Шенкер, Инес Ефремова, Славица Тошевска, Дијана Богдановска, Тихомир Јанчовски, Владимир Неделковски, Ѓорѓе Јовановиќ, Јана Јакимовска,Никола Узуновски, Филип Јовановски, Данило Мандиќ, Владимир Јанчевски, Миле Ничевски, Даниел Гонц (Романија), Синиша Лабровиќ (Хрватска)

 

Изложбата „Утопии/ Дистопии: документи“ има за цел да го отвори прашањето за идеализираните мега-проекции за иднината во општеството и (не)успехот на ваквите конструкти преку конкретни уметнички интервенции токму во јавниот простор како точка во која се вкрстуваат различните интереси, тенденции и интерпретации и ја конституираат општествената реалност. Истовремено, ова е обид да се постават нови прашања и да се дадат толкувања и дефиниции за јавниот простор, неговиот потенцијал и неговата функција во поширокиот општествен контекст.  Continue reading

КАДЕ СЕ СИТЕ?

16. 03. 2013, сабота, 19:00

(изложбата ќе биде отворена само вечерта до 22:00)

Локација: Туристички сојуз на Скопје, ул. Даме Груев, бл.3, бр.5 (мезанин), Скопје.

Учесници: Дијана Томиќ-Радевска, Мирна Арсовска, Христина Иваноска, Ивана Драгшиќ, Александар Спасоски, Оливер Мусовиќ, Игор Сековски, Борис Шемов, Симон Узуновски, Никола Узуновски, Игор Тошевски, Ѓорѓе Јовановиќ, ОПА, Филип Јовановски, Владимир Јанчевски

и

Уметност и/или политика: Двојното кодирање како предизвик или парадокс?

јавна дискусија, која ќе се одржи на истата локација, на 17. 03. 2013 (недела), со почеток во 12:00

Учесници:

Проф. д-р Небојша Вилиќ, историчар на уметност

М-р Сафет Ахмети, историчар на уметност

М-р Харалд Шенкер, аналитичар

Модератор: Владимир Јанчевски   Continue reading

КАПИТАЛ

Колаборативен проект

Владимир Јанчевски, Филип Јовановски,
Игор Тошевски, ОПА, Ѓорѓе Јовановиќ

Локација: Бул.„Св.Климент Охридски“, бр.23 
          (локал на приземје), Скопје 
Отворање: 06.12.2012, четврток / 20:30

Проектот „Капитал“ е поддржан од Јадро – Асоцијација на независната културна сцена и Мелница Кадино

Continue reading

ЗАПИСИ НА ЏУЏЕТО САМОУБИЕЦ

самостојна изложба на Владимир Лукаш
во кураторство на Владимир Јанчевски
плус свирка на “Џуџиња“ (The Dwarfs)

Локација: Бул. 8 Септември, бр.4 (локал на приземје), Скопје
Отворање: 6. 11. 2012 (вторник), 20:00
Поставката ќе може да се посети од 7.11 до 10.11 (17:00 - 20:00)

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Филип Спасовски за отстапениот простор.

Continue reading

RESIST TO EXIST

ОТПОР ЗАРАДИ ОПСТАНОК

датум: 24 септември 2012 (понеделник)
локација: "Султан кафе", ул. 113, бр. 14 (Стара Чаршија)
време: 20:00

клик на мапата за поголема верзија

Continue reading

“V” (интерактивен настан)

Грабни-бегај акција во соработка со ОЗТ Фабрика

датум: 14 јули 2012 (сабота)
локација: Димитар Влахов 10, Виница
време: 19:30
настанот ќе трае до 20 јули 2012, секој ден: 11:00-14:00 и 18:00-21:00

Стотици книги заедно формираат споменик во кој секоја од нив е истовремено сама за себе скулптура. Споменик кој постојано ја менува својата форма, маса, тежина, смисла, содржина; споменик кој се надоврзува на колективната меморија и подзаборавената улога на книгата. Споменик чија нова смисла ќе биде одново откриена во повторното раздавање/распарчување и споделување на токму онолку делови од колку е и направен, на онолку граѓани на кои тој навистина им припаѓа.

Лични политики

Локација: Бул. 8 Септември, бр.4 (локал на приземје), Скопје
Отворање: 29. 06. 2012, петок / 21:00
Поставката ќе може да се посети секој ден 
од 30.06 до 03.07 од 18:00 до 21.00

Инес Ефремова, Снежана Алтипармак, Дијана Богдановска, Немања Цвијановиќ, Марчело Брајновиќ, Борис Шемов, Симон Узуновски, Велимир Жерновски, ОПА, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Игор Тошевски, Никола Узуновски, Владимир Јанчевски, Харалд Шенкер Continue reading

СТРАТЕГИИ НА СЕЌАВАЊЕТО #1

Датум: 06. 06. 2012, Среда
Место: Бул. 8-ми Септември, 12/1-9, Скопје
Време: од 19.00ч. до 22.00ч.

Славица Јанeшлиева, Симон Узуновски, Љубиша Камењаров, Јане Чаловски, Владимир Лукаш, Зоран Попоски, ОПА, Игор Тошевски, Филип Јовановски, Ѓорѓе Јовановиќ 

Стратегии на сеќавањето претставува колаборативно истражување во релациите помеѓу културолошкиот и општествено-политичкиот аспект на меморијата. Дефинирано како ре-колекција на потиснатите искуства, сеќавањето е неодвоив дел од свесноста за нас и семантичкото видување на светот околу нас. Замислена како приказна во продолженија, првиот дел од оваа изложба ќе биде преиспитување на природата на она што ги формира личните мемории и нивните меѓусебни односи. Во име на поуспешна интерпретација на она што го сочинува ткивото на колективната меморија, соодветно, Стратегии на Сеќавањето 1 ќе биде поместена во приватен стан – интимниот простор како појдовна точка во процесот на обликувањето на структурата на идентитетот на поединецот.

mapaN

Бул. 8-ми Септември, 12/1-9, Скопје

 

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на семејството Зиновски-Вилиќ за отстапениот простор.

ЕПП (Економско Пропагандни Пораки)

Датум: 16. 05. 2012, Среда
Место: Ул. 9ти Мај локал 3, Скопје
Време: 20.00 часот (изложбата ќе трае три дена)

Евтини трикови и шарени лаги; манијакално менување на канали; декафеинска идеологија и брза храна. Бидете оригинални! Бидете моќни! Купете го најновиот производ и уживајте во општетсвото каде парите се мерката на вашиот идентитет…

Популарната култура е нашето секојдневие; од филмови, телевизија, стрипови и реклами до облеката што ја носиме и јазикот што го говориме. Дефинирана како ’уметност на масите’, поп културата придонесе границите помеѓу естетиката на кичот и таа на ’високата уметност’ сосема да избледат.

Во директен судир со консумеризмот и турбо-поп машинеријата, ЕПП е обид да се протолкуваат приказните за верувањето, митовите, иконите и херојските идеали преку кои постојано се реафирмираат вредностите на општестсвото во кое битисуваме.

Ул. 9ти Мај локал 3, Скопје

Ул. 9ти Мај локал 3, Скопје

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Иван Пешевски за отстапениот простор.

Continue reading

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СОРАБОТКА

КООПЕРАЦИЈА секогаш има потреба од нов изложбен простор. Доколку сакате да го промовирате Вашиот неотворен деловен простор, салон, магацин, стан или сакате да ја поддржите уметноста на било кој начин, КООПЕРАЦИЈА е тука за Вас