современа уметност иницијатива платформа изложба галерија соработка реакција

800 Револуции во минута

Датум: 11. 04. 2012, Среда
Место: Ул. Коста Шахов бр. 6, Скопје
Време: 20.00 часот (изложбата ќе трае еден ден)

Ѓорѓе Јовановиќ – Никола Узуновски – ОПА – Игор Тошевски – Филип Јовановски

800 Револуции во минута е прва од серијата изложби/ настани во организација на КООПЕРАЦИЈА. Изложбата е поместена во простор првенствено наменет за перална опфаќајќи ја темата на новите почетоци и развивање на иновативни стратегии и интервенции во специфични услови на збиен простор и временска ограниченост. Насловот е превземен од степенот на центрифуга наведен во прирачникот за машина за перење алишта.

Благодарност до Владимир Неделковски – Леци за отстапениот простор.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СОРАБОТКА

КООПЕРАЦИЈА секогаш има потреба од нов изложбен простор. Доколку сакате да го промовирате Вашиот неотворен деловен простор, салон, магацин, стан или сакате да ја поддржите уметноста на било кој начин, КООПЕРАЦИЈА е тука за Вас