Арена на отпорот, текст на Искра Гешоска
“Културата, значи, не е црешна која се наоѓа на врвот од колачето на историјата: таа секогаш одновно е место на конфликт каде што историјата добива форма и видливост во самото срце на одлуките и постапките, колку и тие да се варварски или примитивни.” GEORGES DIDI-HUBERMAN
Збор – два за читањето на културата
Доколку сакаме да проговориме за форматите на отпорот, за спротиставувањето во однос на експлицитните и имплицитните модели на корумпираната моќ која владее и го монополизира просторот на културата, созадавјќи лажна, фасадна култура, култура на кулиси зад кои има испразност и покорност (а културата и уметничкото творештво имаат обврска да бидат непокорни), тогаш треба да проговориме за вонинституционалните, независни облици на дејствување во социо-културниот простор. Уште Антони Грамши говореше за тоа дека културата треба да се сфати како „арена на отпор, спротиставување и преговарање“.