800 Револуции во минута
Датум: 11. 04. 2012, Среда Место: Ул. Коста Шахов бр. 6, Скопје Време: 20.00 часот (изложбата ќе трае еден ден)
Ѓорѓе Јовановиќ – Никола Узуновски – ОПА – Игор Тошевски – Филип Јовановски
800 Револуции во минута е прва од серијата изложби/ настани во организација на КООПЕРАЦИЈА. Изложбата е поместена во простор првенствено наменет за перална опфаќајќи ја темата на новите почетоци и развивање на иновативни стратегии и интервенции во специфични услови на збиен простор и временска ограниченост. Насловот е превземен од степенот на центрифуга наведен во прирачникот за машина за перење алишта.

Благодарност до Владимир Неделковски – Леци за отстапениот простор.