kooperat

Фото / bblackboxx

kooperacija-bblackboxx-1 Continue reading

bblackboxx – Уметноста како еманципаторска практика против граничните политики

Говор на Алмут Рембгес, со дискусија

Локација: Кафе „Пабло“, бул. „8 септември“,
           бр.8, влез 2, локал 6, Скопје 
Почеток:  05. 11. 2013, вторник / 19:00 ч.

* Презентацијата ќе биде на англиски јазик

„bblackboxx е независен уметнички простор на швајцарската граница, во соседството на казнен комплекс, каде што се чуваат 300 баратели на азил, а понекогаш и се депортираат. Уште од 2007 година цела една мрежа од уметници и теоретичари околу bblackboxx, разви програма од уметнички дејствија и теоретска работа, која се спротиставува на засилените ксенофобични и супресивни миграциони политики на земјата“.

Иницијаторот Алмут Рембгес ќе зборува за специфичните еманципаторни практики на bblackboxx, како контра-модел против еден контекст, кој инаку е дефиниран преку контрола и милосрдие.  Continue reading

„ТЕКСТ КОЈ НЕ Е ТЕКСТ“, Владимир Јанчевски

ОПА (Опсесивно Посесивна Агресија)

„ПРОЕКТ КОЈ НЕ Е ПРОЕКТ“

 

Continue reading

Учество на Кооперација на BALKAN(S) NOW

BALKAN(S) NOW, семинар и уметнички преглед
Mestna galerija, Љубљана, Словенија
25-26 октомври 2013

Во најавата на овој семинар се вели:
“BALKAN(S) NOW куриран од Ѓулшен Бал (Gülsen Bal) и Марлен Риглер (Marlene Rigler) во соработка со Open Systems (Виена), Mestna galerija (Љубљана) и Remont (Белград) има за цел активно да се позанимава со тековната уметничка практика во земјите од поранешна Југославија бидејќи веруваме дека политичката уметничка практика, која е повеќе од потребна, е обликувана во земји како што се Србија, Македонија, Косово или Словенија: практика која се потпира на само-зајакнување, силно вмрежување во регионот и проевропски, но сепак критички став. Од таа причина во потрага по уметничка сцена насекаде јужно од австриската граница, се открива жива, исклучително меѓусебно поврзана уметничка сцена што е цврсто поставена.”

KAPITAL-kooperacija-002 Continue reading

ПРОЕКТ КОЈ НЕ Е ПРОЕКТ / ОПА

Проекција на видео-дело и промоција на книга
Локација: Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 
           (Бул. „Партизански одреди” бр.99, Скопје) 
Отворање: 22. 10. 2013 (вторник), 20:30 (едновечерен настан)
ОПА (Опсесивно посесивна агресија)

ОПА е формирана во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (*1971, Скопје). Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Работат на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА, до сега, има самостојно изложувано во Македонија, Естонија, Словенија, Хрватска, Франција, Германија, САД и Холандија. Има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали како Трансмедиале, Берлин; Freewaves – Биенале на нови медиуми, Лос Анџелес; Биенале на современи уметности, Москва; итн. Има остварено резиденцијални престои во Франција, Естонија, Германија и Швајцарија.

www.o-p-a.org

„Проект кој не е проект“, 2006, видео, 42мин.

„Проект кој не е проект“, 2012, книга

Бул. „Партизански одреди“ бр.99, Скопје

Бул. „Партизански одреди“ бр.99, Скопје

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за отстапениот простор и на Миле Станишковски Станиш и Сашко Граматниковски за соработката.

 

Арена на отпорот, текст на Искра Гешоска

 

“Културата, значи, не е црешна која се наоѓа на врвот од колачето на историјата: таа секогаш одновно е место на конфликт каде што историјата добива форма и видливост во самото срце на одлуките и постапките, колку и тие да се варварски или примитивни.” GEORGES DIDI-HUBERMAN

Збор – два за читањето на културата

Доколку сакаме да проговориме за форматите на отпорот, за спротиставувањето во однос на експлицитните и имплицитните модели на корумпираната моќ која владее и го монополизира  просторот на културата, созадавјќи лажна, фасадна култура, култура на кулиси зад кои има испразност и покорност (а културата и уметничкото творештво имаат обврска да бидат непокорни), тогаш треба да проговориме за вонинституционалните, независни облици на дејствување во социо-културниот простор. Уште Антони Грамши говореше за тоа дека културата треба да се сфати како „арена на отпор, спротиставување и преговарање“.

Continue reading

>>>

flaer-GTC

УТОПИИ / ДИСТОПИИ: ДОКУМЕНТИ 20.04.2013

Tihomir

Тихомир ЈАНЧОВСКИ

Noli turbare monumentum meum!

Јавен перформанс

Локација: центар на Скопје

16.4.2013

Авторот миметички се идентификува со скулптурата на Филип 2 држејќи свијок со негови текстови кои се пародија на проектот Скопје 2014. Текстовите, кои претходно беа објавени на социјалните мрежи, предизвикаа контрадикторни реакции во јавните медиуми кои погрешно ги реинтерпретирале истите како про-владина поддршка.

Continue reading

УТОПИИ / ДИСТОПИИ: ДОКУМЕНТИ

Локација: Архитектонско студио „Архитектри“,
          ул. Франклин Рузвелт, бр. 68, 1/2 (прв кат), Скопје 
Отворање: 20. 04. 2013 (сабота), 20:00 
          (изложбата ќе биде отворена само вечерта до 22:00)

Мирна Арсовска, Ивана Драгшиќ, Александар Спасоски, Оливер Мусовиќ, Игор Тошевски, Харалд Шенкер, Инес Ефремова, Славица Тошевска, Дијана Богдановска, Тихомир Јанчовски, Владимир Неделковски, Ѓорѓе Јовановиќ, Јана Јакимовска,Никола Узуновски, Филип Јовановски, Данило Мандиќ, Владимир Јанчевски, Миле Ничевски, Даниел Гонц (Романија), Синиша Лабровиќ (Хрватска)

 

Изложбата „Утопии/ Дистопии: документи“ има за цел да го отвори прашањето за идеализираните мега-проекции за иднината во општеството и (не)успехот на ваквите конструкти преку конкретни уметнички интервенции токму во јавниот простор како точка во која се вкрстуваат различните интереси, тенденции и интерпретации и ја конституираат општествената реалност. Истовремено, ова е обид да се постават нови прашања и да се дадат толкувања и дефиниции за јавниот простор, неговиот потенцијал и неговата функција во поширокиот општествен контекст.  Continue reading

Уметност во политички и културен мрак >>> DW

(објавено на www.dw.de на 29.03.2013)

Во исполитизираниот, поделен и полн со конфронтации македонски контекст, уметниците се обидуваат да изнајдат нови уметнички простори и форми за своите ставови кон клучните општествени случувања.  Continue reading

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СОРАБОТКА

КООПЕРАЦИЈА секогаш има потреба од нов изложбен простор. Доколку сакате да го промовирате Вашиот неотворен деловен простор, салон, магацин, стан или сакате да ја поддржите уметноста на било кој начин, КООПЕРАЦИЈА е тука за Вас