КАДЕ СЕ СИТЕ? / ПОСТ-ИЗЛОЖБА ФОТО
Изложбата „Каде се сите?“ беше реализирана во простории наменети за изнајмување, кои немаат ни струја ни вода. Свесни за тој технички „недостаток“, Кооперација заклучи дека уметноста треба да проговори токму во ваков амбиент, кој е своевидна рефлексија на политичкиот, економскиот и културен мрак во кој денес е втурнато нашето општество.

КАДЕ СЕ СИТЕ?
16. 03. 2013, сабота, 19:00
(изложбата ќе биде отворена само вечерта до 22:00)
Локација: Туристички сојуз на Скопје, ул. Даме Груев, бл.3, бр.5 (мезанин), Скопје.
Учесници: Дијана Томиќ-Радевска, Мирна Арсовска, Христина Иваноска, Ивана Драгшиќ, Александар Спасоски, Оливер Мусовиќ, Игор Сековски, Борис Шемов, Симон Узуновски, Никола Узуновски, Игор Тошевски, Ѓорѓе Јовановиќ, ОПА, Филип Јовановски, Владимир Јанчевски
и
Уметност и/или политика: Двојното кодирање како предизвик или парадокс?
јавна дискусија, која ќе се одржи на истата локација, на 17. 03. 2013 (недела), со почеток во 12:00
Учесници:
Проф. д-р Небојша Вилиќ, историчар на уметност
М-р Сафет Ахмети, историчар на уметност
М-р Харалд Шенкер, аналитичар
Модератор: Владимир Јанчевски Continue reading
КАПИТАЛ
Колаборативен проект
Владимир Јанчевски, Филип Јовановски,
Игор Тошевски, ОПА, Ѓорѓе Јовановиќ
Локација: Бул.„Св.Климент Охридски“, бр.23 (локал на приземје), Скопје Отворање: 06.12.2012, четврток / 20:30
ЗАПИСИ НА ЏУЏЕТО САМОУБИЕЦ
самостојна изложба на Владимир Лукаш
во кураторство на Владимир Јанчевски
плус свирка на “Џуџиња“ (The Dwarfs)
Локација: Бул. 8 Септември, бр.4 (локал на приземје), Скопје Отворање: 6. 11. 2012 (вторник), 20:00 Поставката ќе може да се посети од 7.11 до 10.11 (17:00 - 20:00)
КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Филип Спасовски за отстапениот простор.
RESIST TO EXIST
ОТПОР ЗАРАДИ ОПСТАНОК
датум: 24 септември 2012 (понеделник) локација: "Султан кафе", ул. 113, бр. 14 (Стара Чаршија) време: 20:00
Континуитети и резови (Сецирање на чудовиштето) >>> okno.mk
(објавено на okno.mk на 06.08.2012)
Зашто ни се случуваат „Скопје 2014“ и дивјачката демонтажа на сите културно-општествени претпоставки кои до вчера (лабаво) го втемелуваа нашето општество, човек може да дознае и индиректно, на пример читајќи ги небулозите на Небојша Вилиќ за актуелната македонска ликовна сцена. Бедата на режимските, во културна смисла петокласни, извршители на визиите на пастирот станува многу појасна кога е јукстапонирана со бедата на овдешните професори и историчари на уметноста, од типот на Небојша Вилиќ. Плиткоста и незнаењето, од една страна, споени со опортунизмот и кукавичлукот на најодговорните за естетските, културно-политичките, историските и моралните прашања на нашето општество всушност, посредно, и ни го донесоа гламугрозниот спектаклук „Скопје 2014“. Continue reading





