kooperat

пост-изложба фотки – СТРАТЕГИИ НА СЕЌАВАЊЕТО #1

СТРАТЕГИИ НА СЕЌАВАЊЕТО #1

СТРАТЕГИИ НА СЕЌАВАЊЕТО #1  06.06.2012

Continue reading

отворен повик

Отворен повик за соработка!
Во недостаток од медиуми посветени на современата уметност, а во обид да се развие критичка мисла поврзана со ликовната уметност во Македонија и во светот, блогот на КООПЕРАЦИЈА е отворен за сите кои сакаат и можат да дадат придонес преку свои теоретски текстови, критички осврти, есеи и написи врзани за оваа област. Текстовите праќајте ги на kooperati[at]gmail.com

Турбо Поп и квинтесенцијалниот херој од Игор Тошевски

(објавен 10 јуни, 2012 во Граѓански, бр. 5)

Зборот ангажиранво контекст на уметноста произлегува токму од политичкиот дискурс. Затоа, на многу јазици, она што го подразбираме како ангажирана уметност едноставно се нарекува политичка.Но, денес таа станува по-комплексна материја за обработка. Пред се, тешко е да се биде аполитичен во денешни времиња, но истовремено политичкиот став не подразбира исклучиво позиционирање во однос на дејности врзани со општественото управување и дистрибуција на моќта. Continue reading

СТРАТЕГИИ НА СЕЌАВАЊЕТО #1

Датум: 06. 06. 2012, Среда
Место: Бул. 8-ми Септември, 12/1-9, Скопје
Време: од 19.00ч. до 22.00ч.

Славица Јанeшлиева, Симон Узуновски, Љубиша Камењаров, Јане Чаловски, Владимир Лукаш, Зоран Попоски, ОПА, Игор Тошевски, Филип Јовановски, Ѓорѓе Јовановиќ 

Стратегии на сеќавањето претставува колаборативно истражување во релациите помеѓу културолошкиот и општествено-политичкиот аспект на меморијата. Дефинирано како ре-колекција на потиснатите искуства, сеќавањето е неодвоив дел од свесноста за нас и семантичкото видување на светот околу нас. Замислена како приказна во продолженија, првиот дел од оваа изложба ќе биде преиспитување на природата на она што ги формира личните мемории и нивните меѓусебни односи. Во име на поуспешна интерпретација на она што го сочинува ткивото на колективната меморија, соодветно, Стратегии на Сеќавањето 1 ќе биде поместена во приватен стан – интимниот простор како појдовна точка во процесот на обликувањето на структурата на идентитетот на поединецот.

mapaN

Бул. 8-ми Септември, 12/1-9, Скопје

 

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на семејството Зиновски-Вилиќ за отстапениот простор.

дали сте за кооперација?

КООПЕРАЦИЈА е отворена за соработка со визуелни уметнци од сите дисциплини. Заинтересираните можат да пратат свое портфолио, избор на дела (jpeg) на kooperati[at]gmail.com . Сите доставени трудови ќе бидат земени предвид за идните изложби во организација на КООПЕРАЦИЈА.

otvoren povik, kooperacija, CV

ЕПП: пост-изложба фотки

Учесници: Ѓорѓе Јовановиќ – ОПА – Игор Тошевски – Филип Јовановски – Никола Узуновски – Христина Иваноска – Јане Чаловски – Велимир Жерновски – Инес Ефремова – Владимир Лукаш

Continue reading

ЕПП (Економско Пропагандни Пораки)

Датум: 16. 05. 2012, Среда
Место: Ул. 9ти Мај локал 3, Скопје
Време: 20.00 часот (изложбата ќе трае три дена)

Евтини трикови и шарени лаги; манијакално менување на канали; декафеинска идеологија и брза храна. Бидете оригинални! Бидете моќни! Купете го најновиот производ и уживајте во општетсвото каде парите се мерката на вашиот идентитет…

Популарната култура е нашето секојдневие; од филмови, телевизија, стрипови и реклами до облеката што ја носиме и јазикот што го говориме. Дефинирана како ’уметност на масите’, поп културата придонесе границите помеѓу естетиката на кичот и таа на ’високата уметност’ сосема да избледат.

Во директен судир со консумеризмот и турбо-поп машинеријата, ЕПП е обид да се протолкуваат приказните за верувањето, митовите, иконите и херојските идеали преку кои постојано се реафирмираат вредностите на општестсвото во кое битисуваме.

Ул. 9ти Мај локал 3, Скопје

Ул. 9ти Мај локал 3, Скопје

КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Иван Пешевски за отстапениот простор.

Continue reading

800 Револуции во минута: ПОСТ-ИЗЛОЖБА ФОТКИ

11. 04. 2012, Коста Шахов 6, Скопје Continue reading

800 Револуции во минута

Датум: 11. 04. 2012, Среда
Место: Ул. Коста Шахов бр. 6, Скопје
Време: 20.00 часот (изложбата ќе трае еден ден)

Ѓорѓе Јовановиќ – Никола Узуновски – ОПА – Игор Тошевски – Филип Јовановски

800 Револуции во минута е прва од серијата изложби/ настани во организација на КООПЕРАЦИЈА. Изложбата е поместена во простор првенствено наменет за перална опфаќајќи ја темата на новите почетоци и развивање на иновативни стратегии и интервенции во специфични услови на збиен простор и временска ограниченост. Насловот е превземен од степенот на центрифуга наведен во прирачникот за машина за перење алишта.

Благодарност до Владимир Неделковски – Леци за отстапениот простор.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СОРАБОТКА

КООПЕРАЦИЈА секогаш има потреба од нов изложбен простор. Доколку сакате да го промовирате Вашиот неотворен деловен простор, салон, магацин, стан или сакате да ја поддржите уметноста на било кој начин, КООПЕРАЦИЈА е тука за Вас